Нови осум случаи со коронавирус во Косово, заразени вкупно 71 лице
Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави попладнево дека во земјата се откриени осум нови случаи на лица заразени со вирусот Ковид-19, по што официјалната бројка на носители на новиот коронавирус сега изнесува 71, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на ИШПК, четворица од лицата кај кои денеска е потврдено присуството на Ковид-19 се од село во општина Малишево, тројца се жители на Приштина и едно лице од општина Вучитрн.
Во текот на денешниот ден во лабораторијата за молекуларна миробиологија на ИШПК се испитани 34 примероци земени од лица хоспитализирани на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и од терен.
Од 8 февруари, заклучно со денешнниот ден, тестирани се вкупно 766 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот. Од нив, 71 случај резултираа со позитивен наод, додека едно лице, возрасен маж на 82-годишна возраст, почина, се вели во соопштението на ИШКП.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер