Македонија
11. December 2016 - 11:30

Нови пресврти - Еве какво време не очекува во следната недела

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, во јужните и југозападните делови ќе има мала до умерена облачност и слаб северен ветер. Претпладне по некои котлини ќе има слаба магла. Минималната температура ќе изнесува минус шест степени, а дневната ќе достигне до 18 степени целзиусови.
 
Во Скопје слично време со температура до 11 степени.
 
Во понеделник и вторник ќе има продор на студена воздушна маса што ќе услови засилен северен ветер, на места провејување на слаб снег и позначително опаѓање на температурата.
 
Во понеделник максималната температура ќе се движи од 6 до 12, а од вторник до четврток од 2 до 9 степени. Утринските температури во понеделник и вторник ќе се движат од -4 до 4 степени, а потоа поради разведрувањето ќе опаднат и ќе бидат во интервала од -9 до 0 степени.