Македонија
9. May 2017 - 18:23

Нови промени - Еве какво ќе биде времето утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови променливо облачно, претпладне со повремен дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието повремено умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 12 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб умерен северен ветер.

Утринската температура до 10, а дневната до 22 степени. 

Од четврток до сабота времето ќе биде претежно стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со побрз пораст на дневната температура на воздухот, која во саботаќе е највисока. Доста топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне 30 степени.