Македонија
17. January 2019 - 9:02

Нови рочишта за „Монструм“ и „Транспортер“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжуваат судењата за предметите „Монструм“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, се наоѓа во доказна постапка и денеска треба да бидат прикажани докази обезбедени со ПИ мерки.

За обиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.

На обвинителна клупа денеска, исто така, треба да седнат и обвинетите во предметот на СЈО „Транспортер“.

Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.