Македонија
29. March 2020 - 19:42

Нови случаи на корона во Штип - неколкумина се од првозаболените

Од 16 –те новоевидентирани случаи позитивни на Ковид 19 , 6-мина се од Штип. Сега во источниот регион бројката на заболени со корона вирус е двоцифрена и изнесува вкупно 14. За двајца се смета дека се поврзани со првиот кластер, односно со четврочленото семејство каде за прв пат се отрки присуство на вирусот. За останатите се врши дополнителна епидемиолошка слика.

-Од Центарот за јавно здравје за Сител информираа дека две од заболените се асимптоматски случаи, тројца се со лесна клиничка слика, а еден од заболените е хоспитализиран на инфективното одделение во штипската клиничка болница-стенд ап

Ова е првиот пациент  од почетокот на пандемијата за кој е утврдено дека му е потребно болничко лекување. Сите останати 13 лица позитивни на корона вирусот се упатени на домашно изолација, со континиурана контрола од страна лекари инфектолози. Паралелно, на пунктот во Здраствениот дом, се земаат брисеви од пациенти за кои епидемиолозите сметаат дека биле во контакт со заболените или по препорака на матичните лекари од Штип, Радовиш и Пробиштип. Досега се земени брисеви од вкупно 47 лица.