Кошарка
31. August 2016 - 9:52

Новиот европски поход стартува вечерва од Кавадарци

Кошаркарската репрезентација на Македонија, вечерва ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година.
 
Прв противник на подмладениот македонски состав, кој од клупата ќе го предводи српскиот стратег Драган Раца е аутсајдерот во групата репрезентацијата на Луксембург.
 
Натпреварот ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток во 20:30 часот.
 
Покрај Луксембург противници на македонските кошаркари, во Г групата, ќе бидат кошаркарите од Унгарија и Велика Британија.
 
Македонија ќе гостува во Лондон на 3.септември, потоа во Кавадарци на 7.септември ќе ја пречека Унгарија. Луксембург во гости е мечот кој се игра на 10.септември, четири дена подоцна Британците доаѓаат во Кавадарци, а циклусот завршува на 17.септември кога избраниците на Раца ќе гостуваат во Унгарија.