Балкан
12. July 2017 - 17:18

Ново злосторство во Центарот за социјална работа: Маж ја убил сопругата и го задавил детето (5)

Уште едно страотно семејно злосторство во Белград, исто така пред Центарот за социјална работа.

Околу 15 часот во белградската населба Раковица, маж ја убил сопругата, а детето тешко го ранил. Според неофицијалните информации, убиецот прво нападнал три работници од Центарот за социјална работа, на паркингот.

Тој ги избодел со нож и тие се пренесени на ВМА.

Според српските медиуми М.Н. со нож ја усмртил сопругата, а петгодишниот син тешко го ранил. Детето починало по долгата реанимација.

Увидот е во тек.