Македонија
1. January 2016 - 8:39

Новогодишен концерт на Македонската опера и балет

Македонската опера и балет вечер од 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе одржи Новогодишен концерт на кој ќе настапи целиот ансамбл на МОБ, солисти,  Хорот и Оркестарот под диригентство на Борјан Цанев.

Солисти на концертот ќе бидат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Михаило Арсенски и баритонот Марјан Јованоски.  На програмата се најпознатите дела од Штраус, Штраус помладиот и оперетнит мајстор Калман. 

Балетски солисти на концертот се Мими Поп Алексова-Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Саша Ефтимова, Ивана Коцевска, Игор Велјановски, Билјана Басмаџиева и Дојчин Дочев (Бугарија).

Режисер е Дејан Пројковски, кореограф Олга Панго, костимограф Марија Пупучевска.

- Во ритамот на валцери и полки, ја пренесуваме виенската магија во Скопје, информираше МОБ најавувајќи го концертот кој од минатата година го организира на првиот ден од Новата година.