Нуланд ги повика македонските лидери да го спроведат договорот на Хан
Американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд упати повик до политичките лидери во Македонија да ја искористат можноста која се нуди и да го спроведат договорот за нормализирање на политичката состојба на еврокомесарот Јоханес Хан. Говорејќи на форумот во Дубровник, Нуланд, која ќе ја посети Македонија во понеделник, рече дека македонските лидери, по решавањето на политичката криза, треба да се насочат кон решавање на спорот со Грција за да се отвори македонската евро-атланска перспектива.
- Нашата порака до Македонија е еднакво цврста. Пред вас е голема можност за единство и просперитет. Пред вас е членство во НАТО и во Европската Унија. Но, големите политички партии мора да престанат да се расправаат и да појдат по патот на демократски реформи кој Еврокомесарот Јоханес Хан го подготви со поддршка од Соединетите Американски Држави, а потоа да се фокусираат на решавање на спорот за името со Грција. Немојте да ja пропуштите овaa можност, изјави Нуланд во своето обраќање во Дубровник.
Таа ќе се сретне со македонскиот државен врв и претставници на политичките партии за време на својата посета во понеделник, ден пред најавеното доаѓање и на еврокомесарот Хан. Нуланд во Дубровник посочи на напредокот кој е постигнат на Балканот, на процесот за помирување на Србија и Косово под раководство на европската висока претставничка Федерика Могерини и на европските проекти за обезбедување на стабилно снабдување на регионот со гас, независно од Русија. Нуланд, која е задолжена за бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, рече дека пред Балканот остануваат обврските да ја докомплетира својата "демократска мапа" и да стави крај на омразата и нетрпеливоста, да инвестира во новите најавени железнички, пристанишни и енергетски проекти и да се постави брана за ширењето на екстремизмот и корупцијата.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп