Loading Video...
Спорт плус
8. April 2019 - 15:00

Нуров обезбеди медал за Македонија од ЕП во борење слободен стил

Могамедгаџи  Нуров обезбеди медал за Македонија од  Европското првенство во борење слободен стил. На шампионатот што денеска стартуваше, а се одржува во Букурешт, Нуров веќе се пласира во полуфиналето во категорија  -97 кг. со што си осигура медал. Тој во првата рунда со тешхнички-туш го победи Италијанецот, Ијанатони а во четвртфиналето беше подобар од Мчедлизе од Украина.Противник на Нуров за влез во финалето ќе биде трикратниот светски првак, воедно и актуелниот олимпшиски и европски шампион  Абдулрашид Садулаев од Русија

Владимир Егоров кој во категоријата -57.кг. загуби од Русинот, Шадулаев, ќе има можност да брка место за борба за медал, бидејќи ќе се бори во репасажот.

Првенството заврши за Фати Вјесели кој беше поразен во квалификациите од Унгарецот, Молнар.

На шампионатот ќе настапи и Елмедин Сејфулаху во категоријата  -61 килограми кој за противник во првата рунда ќе го има Грузиецот, Бека Ломтадзе.