-->
-->
Обама: Башар Асад мора да замине
-->
Американскиот претседател Барак Обама синоќа повтори дека САД инсистираат на повлекување на сирискиот лидер Башар ал Асад од власта, додавајќи дека во Сирија не може да има мир без воспоставување на легитимна влада.
- Сметам дека Асад мора да замине за да може да престане крвопролевањето во Сирија... Тој го загуби легитимитетот во очите на неговата земја, истакна Обама.
Според него е невозможно Асад да остане на власт откако избрал да изврши „масакр“ врз својот народ, наместо да спроведе „инклузивна политичка транзиција“.
- Нашиот став е дека во Сирија не е можно да се обезбеди мир и да се запре граѓанската војна доколку не постои влада која е легитимна и поддржана од поголемиот дел население, нагласи американскиот претседател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата