Свет
24. December 2016 - 10:10

Обама потпиша Закон за воен буџет, 611 милијарди долари

Американскиот претседател Барак Обама потпиша Закон за воен буџет за 2017 година во вредност од 611 милијарди долари.

Со законот е предвидено 2,1 отсто зголемување на платите за армијата, како и одредени приоритети за тековната фискална година. 

Обама според американски медиуми, ги пофалил одредбите од законот кои се однесуваат на борба против ИД додека критикувал инсистирање на Конгресот да се задржи воениот затвор Гвантанамо на Куба.