Свет
12. September 2015 - 10:49

Обама: Руската стратегија е осудена на пропаст

Американскиот претседател барак Обама изјави дека одлуката на Русија во Сирија да испрати воен персонал и опрема претставува стратегија која е „осудена на пропаст“.

- Сметам дека сратегијата која ја спроведуваат е голема грешка, истакна Обама, додавајќи дека Москва би требало да почне да биде малку попаметна.

Обама оцени дека тоа покажува дека сирискиот претседател башар ал Асад е загрижен и затоа се обраќа до руските советници за помош.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека е потребна соработка меѓу руската војска и Пентагон за да се избегнат „ненамерни инциденти“ во околината на Сирија, каде се воени присутни и САД и Русија.