Обезбедена поддршка од унгарската Влада за спроведување на регионална политика како дел од процесот на приближување кон ЕУ
Рамномерниот регионален развој и ЕУ фондовите за размена на искуства со Република Унгарија се дел од темите на кои разговарале министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и државниот секретар од унгарското Министерството за финансии Ракози Балаж.
– Државниот секретар му изрази силна поддршка на нашето Министерството за локална самоуправа (МЛС), за спроведување на регионалната политика и беше договорен Меморандум за разбирање и соработка на билатерално ниво, кој се очекува да биде потпишан во септември по усогласување и потврдување од страна на Владите на двете држави, соопшти прес-службата на Министерството.
Министерот Фазлиу, кој е во студиска посета на Унгарија, ја искористил можноста за да го потенцира процесот на проценка на спроведување на законот што е во сила и изработката на нова десет годишна стратегија за рамномерен развој, која ќе треба да ги земе предвид досегашните искуства, како и добрите практики што се реализираат во земјките членки, како што е Унгарија.
Меѓу другото, министерот упатил благодарност до унгарската Влада за поддршката што таа ѝ ја дава на нашата држава во напорите за приклучување кон ЕУ.
– Искуствата што нашиот тим од претставници од Министерството за локална самоуправа, ќе ги добие од своите унгарски колеги ќе биде од важност за заокружување токму на процесот на проценка и драфтирање на препораки и цели за постигнување рамномерен развој на целата територија на нашата земја во новата стратегија, се наведува во соопштението на МЛС.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право