Обезбедувањето на Гаши во тешка сообраќајна несреќа
Возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието изгуби контрола и излета на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на Ново Село Дебарца. Во незгодата повредени се три лица полициски службеници кои се пренесени во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Претседателот на Собранието Гаши истакна дека ги посетил повредените лица од обезбедувањето тие се во стабилна состојба немаат некои посериозни повреди и упати апел час поскоро да се изгради овој патен правец кој сеуште е во изградба а на кој доста често се случуваат сообраќајни несреќи .
На местото на настанот извршен е увид, кој треба да ги утврди причините за сообраќајната несреќа во која учествуваше возило од обезбедувањето на собранискиот спикер Гаши кој денеска е во работна посета на Охрид.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар