Македонија
13. December 2019 - 16:57

Обид за киднапирање на дете на пратеник - две лица приведени

Пратеникот од редовите на СДСМ Сашко Костов, пријавил дека имало обид за киднапирање на неговата 7-годишна ќерка, по што МВР приведе две лица. Настанот се случил во средата во 11:45 часот во Кочани, кога детето се враќало од училиште. Две лица во автомобил и го пресекле патот и неколку пати отсечно му наредиле на девојчето да влезе во возилото. Сведок на настанот бил близок роднина на пратеникот. Тој веднаш изреагирал и го зел девојчето со себе, а приведените влегле во автомобилот и побегнале.

Таткото вели дека девојчето сè уште е вознемирено и во училиште оди со придружба. Иако најави прес конференција, пратеникот Костов сепак се одлучи да не зборува во јавноста и чека институциите да го решат случајот..

За Сител рече дека не ја исклучува можноста дека случката има политички мотиви.

Од МВР информираат дека во притвор се наоѓаат две лица на возраст од 18 години поврзани со случајот и дека во тек е истрага.

„Констатирано е дека M.Ѓ.(18) и И.Ј.(18) со патничко возило „БМВ“, управувано од М. Ѓ., се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител.”, информираат од МВР.