Македонија
26. јуни 2020 - 15:54

Обид за обљуба врз 43-годишна жена

На 26.06.2020 во 02:00 часот во Полициската станица Пробиштип, 43 годишна жена од Пробиштип пријавила дека околу 01:00 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип била физички нападната од Ј.Ј.(35) од Пробиштип, кој се обидел да изврши и обљуба врз неа. Ј.Ј. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Пробиштип.

Се работи на расчистување на случајот.