Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
Да не се поведе постапка за Законот за јазиците во целина бидејки употребата на јазикот што го зборуваат етничките заедници над 20 отсто е уставна категорија и не треба да сопре неговата примена.. Ова стои во документ објавен од 360 степени како наводен реферат на уставниот судија што работел на предметот за Законот за јазиците.
Сепак, судијата известител препорачува поведување на постапка за оценка на уставноста на некои од членовите од Законот. Според документите спорно е водењето на судските постапки на албански јазик, но и двојазичните пари, како и употреба на албанскиот јазик во т.н. други институции без да се прецизира кои.
Рефератот се објави непосредно пред утрешната седница на Уставниот суд на која ќе се отвори предметот составен од дури 13 инцијативи и забелешки на Венецијанската комисија за Законот за јазиците. Од Судот велат дека нема да ја коментираат ниту веродстојноста, ниту наводите од објавените делови од рефератот.
Но дури и да е веродостен документот, ова сепак не значи дека уставните судии мора да донесат ваква одлука, а уште помалку дека конечената одлука ќе ја носат утре.
Во меѓувреме продолжуваат политичките превирања пред утрешната седница и најавите на ДУИ за можни немири. Премиерот Мицкоски и понтаму смирува и вели дека се под контрола, а ДУИ ги нарече политички глодари.
Од СДСМ пак, повикуваат Судот да одлучува независно. Ги осудуваат заканите што доаѓаат од политичари.
За Апасиев, кој и формално го оспорува Законот, постојат 4 основи за поништување во целина. Тој се повика на претходни одлуки на Уставниот суд. Едната е од 1998 година кога Судот оценил дека указ за закон не може да се објави без потпис на шефот на државата, како што тоа е направено со овој закон. Вторите се одлуки на Судот од минатата година за тоа дека еден закон мора да биде објавен во Службен весник во рок од 7 дена, а не 1 година подоцна. Сепак, и тој ги осудува заканите на ДУИ.
Шаторите на ДУИ пред Судот се уште стојат, но таму веќе речиси и да нема никој. Лидерот Ахмети, заедно со дел од партиското раковдство се заминати за Тирана. Интегративците во соопштение повторно предупредуваат за утрешната одлука и ги повикуаат граѓаните и инститруциите да го заштителе албанскиот јазик.
„Демократската Унија за Интеграција потсетува на историското значење на одлуката што Уставниот суд треба да ја донесе утре. Оваа одлука е од суштинско значење за заштита на Законот за употреба на јазиците, како основен столб на еднаквоста и правдата во нашето мултиетничка држава, и за зачувување на принципите на Охридскиот договор“, стои во соопштението на ДУИ.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар