Македонија
6. January 2020 - 9:08

Облачно и студено со северен ветер

Времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од минус 8 до 2 степена, а дневната од минус 4 степени до 6 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус 2 степена, а дневната до 3 степени.