Облачно, попладне дожд
Времето денеска претпладне ќе биде облачно, а попладне претежно во западните делови со повремен дожд, а на планините снег. Преку ноќта врнежите ќе бидат пообилни.
Минималната температура ќе биде во интервал од два до седум, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје променливо облачно, од крајот на денот со повремен дожд.
Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до 12 степени. Како што соопшти УХМР, до сабота ќе дува засилен северен ветер, над 60 километри на час.
Врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат.
Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 литри на метар квадратен, на планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.
Ново на Сител
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски