Македонија
22. November 2019 - 8:37

Облачно со повремен дожд

По котлините, особено долж Повардарието преку целиот ден ќе се задржи значителна ниска облачност. Во останатите делови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Во источните делови ќе има повремен локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со локален дожд, претежно во јужните и источните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.