Македонија
14. November 2019 - 10:06

Облачно со сончеви периоди и јужен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во државата. Слаби локални врнежи од дожд се очекуваат во крајните западни и источни делови од државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Дневната температура ќе се движи во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје слично време со температура до 18 степени.

Температурите утринава се над нулата. Најниската е измерена во Маврово 3 степени, а најтопло во Дојран 13 степени.