Обраќање на Вељаноски пред Амбасадорскиот совет
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска се обрати пред амбасадорите во рамки на редовниот работен состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва, што од денеска до 26 август се одржува во Министерството за надворешни работи.
Во своето обраќање, Вељаноски истакна дека овие средби, кои веќе стануваат традиција, претставуваат една од алатките во креирањето на надворешната политика во двете институции, Собранието и Министерството за надворешни работи.
Вељаноски во своето обраќање се осврна на повеќе актуелни теми кои се приоритет во меѓународната политика на Македонија, но и на актуелните случувања на внатрешен политички план и предизвиците во периодот што следи. Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, стратешкото партнерство со САД, регионалната соработка и парламентарната дипломатија беа во фокусот на дебатата на Вељаноски со претставниците на Македонија во дипломатско-конзуларните претставништва, се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателот на Собранието.
Вељаноски обраќајќи се на дипломатите рече дека е чест, но и голема обврска да си амбасадор или дипломатско конзуларен претставник на својата држава. Во таа смисла, истакна уверување дека тие две димензии се присутни во нивното работење и побара да ја користат секоја можност да се пренесе вистината за Македонија, за македонскиот народ и за сите други етнички заедници кои живеат тука со векови.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња