Македонија
1. November 2017 - 17:37

Обука на Специјалната единица на АРМ воените питомци

 

Питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска во касарната „Гоце Делчев“ реализираа еднодневна обука со припадниците на полкот за Специјални Операции при Армијата на Република Македонија.

Како што објави АРМ, на почетокот од предавањето питомците биле запознаени со мисијата и основните задачи кои ги реализира единицата, организациската структура на полкот, начинот на селекција и влез во единицата како и нејзините досегашни учества во мировните мисии.

По завршувањето на презентацијата питомците имале теоретско и практично запознавање со дел од оружјето и опремата која ја употребуваат армиските специјалци.