Македонија
21. November 2017 - 8:46

Oбуки во рамки на проект за зголемување на стапката на преживување на предвремено родените бебиња

Зголемување на стапката на преживување на предвремено родените бебиња, е целта на проектот ПериМак во рамки на кој денеска во Скопје почнуваат обуки во кои ќе учествуваат повеќе од 250 македонски гинеколози, акушери, педијатри, неонатолози, интензивисти, како и медицински сестри.

Во обуките се вклучени лекари и професори од Амстердам и ќе се одржуваат од вторник до сабота во хотелот „Александар Палас“ во Скопје и во Министерство за здравство. 

Проектот е партнерство меѓу Министерството за здравство, Проект ХОПЕ Македонија и Проект ХОПЕ Германија и во него досега се вклучени Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир и ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести Скопје.