Македонија
13. August 2019 - 16:19

Обвинителката Стефанова сведочеше за случајот ,,Рекет‘‘

Лиле Стефанова од СЈО не открива на кои прашања одговарала во обвинителството за организиран криминал и корупција. Вели во интерес на истрагата не може да открива детали од распитот. Цели пет часа Стефанова одговарала на прашања од обвинителката Ивана Трајчева но не сакаше да одговара на прашања од медиумите.

Според писмената изјава на Стефанова објавена минатата недела, таа откри дека без нејзино одобрение обвинителката Катица Јанева донесувала одлуки за случајот Империја. Напиша дека таа била на одмор, Јанева го издала времениот пасош за осомничениот од ИМперија, Орце Камчев. Според Стефанова, шефицата на СЈО барала и затворање на предметот и ослободување на осомничените.

„Конкретно, ни беше наложено, најкасно до 6 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата  во двата предмети кои осомничените треба да ја платат на државата, по што предметите „да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“, напиша во писмената изјава обвинителката Стефанова.

Инаку Распитот на Стефанова следи откако во јавноста беа објавени снимени разговори за случајот РЕКЕТ каде се слуша дека таа е под контрола од првиот човек на СЈО.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека на распит ќе биде повикана и Катица Јанева ама не откриваат дали ја испратиле поканата ниту за кој ден е предивден нејзиниот исказ.

Лиле Стефанова е втора обвинителка од СЈО која дава исказ за случајот Рекет. Вчера на распит била повикана Елизабета Јосифовска која според писмената изјава на Стефанова, таа по барање на Јанева го одобрила издавањето на времената патна исправа за еден од осомничените во Империја.