Македонија
22. September 2020 - 19:59

Обвинителството чека пријава за кражбата на починат пациент во Струмица

Обвинителство ја чека кривичната пријава против лицата кои вчера учествуваа во инцидентот со кражбата на мртовецот од струмичката болница. После утврдување идентитетот на сторителите  и добивањето на пријавата  ќе се знае каква ќе биде понатамошната јавна обвинителска одлука. Од обвинителството информираа дека уште во текот на вчерашниот кога бил пријавен случајот тие извршиле проверки и првичните сознанија покажале дека телото било земено од страна на роднините, но немало напад на медицинскиот персонал и оштетување на инвентарот и материјалните средства во болницата.

За целиот случај одговор побаравме и од полицијата. Од СВР Струмица информираа дека во координација со јавен обвинител, преземаат  мерки за целосно расчистување и документирање на настанот. 

Кражбата на починатиот пациент вчера не беше единствениот специфичен случај во струмичката болница. Неколку часа после првиот,  со интервенција на полицијата спречен е уште еден инцидент во кој роднина на девет месечно бебе кое починало, бурно реагирал и вербално ги нападнал лекарите.

По однос на овој случај од државниот санитарен и здравствен инспекторат информираа дека се врши вонреден инспекциски надзор кај матичниот лекар, но и во општата болница во Струмица. Од ДСЗИ подетални информации за најавија по завршувањето на двата надзори.

На случајот работи и полицијата. До нив пријава за вербални закани поднела докторката што била на смена.