Македонија
5. November 2019 - 19:16

Обвинителството ќе проверува дали некој му помогнал на Спасов да побегне од издржување на затворската казна

Штипското јавното обвинителство по допрен глас ќе истражува дали кај некој има кривична одговорност за бегствто на Игор Спасов, осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски. Обвинител ќе ги испитува околностите под кои е донесено решението за прекин на издржување на затворската казна односно дадена е насока да се провери лекарската документација за Спасов, како и целокупната постапката во која е донесено решението.

Игор Спасов е на слобода од лани летото, поради здравствени причини. Тој во Идризово требало да се појави на 18_ти минатиот месец, но откако не го сторил тоа, штипскиот суд побара од полицијата да го лоцира и приведе. По Спасов сеуште се трага, а распишана е и меѓународна потерница.

Од штипскиот основен суд велат дека за отворање на предметот од страна на ОЈО дознале од новинарите и додаваат дека од нив е побаран предметот од страна на Судскиот совет кој се вклучи во истрагата, за да се открие дали има некакава одговорност кај судиите. Предметот веќе е доставен до Судскиот совет. Игор Спасов одлежа само половина од предвидената казна затвор и требаше да се врати на до отслужување.