Loading Video...
Ракомет
11. December 2019 - 18:55

Очекуван пораз на Еурофарм Работник на гостувањето кај Веспрем

Очекуван пораз на ракометарите на Еурофарм Работник  на гостувањето кај Веспрем  во дуел од СЕХА лигата
 
Во натпревар од претпоследното коло на Б групата одигран попладнево во Унгарија екипата на Еурофарм Работник загуби од Веспрем со 35-24. 
 
Битолскиот тим беше далеку од ново изненадување, како што тоа беше случај на мечот во Битола кога го совлада фаворизираниот унгарски првак со 26-24. Овојпат Веспрем не дозволи такво изненадување па на крајот забележа победа со 11 голови разлика. 
 
Со тоа, унгарскиот шампион го осигура својот пласман во четвртфиналната рунда, додека Еурофарм ќе разигрува во осминафиналето. 
 
Од која позиција и против кого во плејофот, останува да се види по дуелите од последното коло закажани за 15 декември, кога Еурофарм гостува во Москва кај Спартак, а истиот ден Вардар во Хрватска игра против Нексе.