Loading Video...
Ракомет
4. September 2019 - 9:16

Очекувана стартна победа на вардарци во СЕХА лигата

 
 
Актуелниот СЕХА првак Вардар очекувано и рутинирано ја започна одбраната на титулата со победа над дебитантот во ова натпреварување Пекинг Спорт Универзитет. 
 
Црвено-црните пред својата публика забележаа убедлива победа со 37-23 . 
 
Тренерот Писонеро на овој меч ги поштеди Скубе, Дибиров, Кугис, Калараш, па шанса им даде на останатите ракометари испробувајќи нови варијанти.
 
Така, Атман, Димитриоски и Шишкарев постигнаа по шест, а Дисингер и Чупиќ по пет гола, додека голманод Калифа Гедбан имааше 13 одбрани. 
 
Вардар во сабота гостува во Украина, кај Мотор Запорожје, уште еден од дебитантите во СЕХА лигата.