Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Македонија
Од 1 јануари 2020 година ќе почне транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија, изјави извршниот директор на „Булгартрансгаз“, Владимир Малинов.
Според него, компанијата ќе почне оваа недела да го полни со гас гасоводот од 11 километри и дека до 15 декември Бугарија ќе биде целосно подготвена за почеток на испорака на гас. Турција ќе се подготвува до 20 декември.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Бугарија за намерно одлоговлекување на реализацијата на „Турски поток“. Тој истакна дека доколку Софија не сака да заработи за транзит на гас, Москва ќе најде други опции.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов одговори дека изградбата е одложена поради процедурални причини. Тој изрази надеж дека гасоводот ќе биде целосно оперативен до крајот на следната година. Борисов рече дека земјата треба да биде единствен гасен центар на Балканот, што е договорено со ЕУ и САД.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората