Балкан
24. May 2020 - 20:36

Од 1 јуни се отвораат основните училишта и градинките во Грција

По едногласната позитивна препорака на Комисијата на епидемиолози, за справување со вонредни состојби во јавното здравје, следниот понеделник, на 1 јуни 2020 година ќе се отворат основните училишта и градинките во Грција, соопшти вечерва портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.

За време на утрешниот редовен брифинг со новинарите, министрите за образование и за  внатрешни работи ќе ги објаснат деталите за начинот на кој ќе работат основните училишта и градинките.

Пред две седмици во училишните клупи се вратија матурантите, а минатиот понеделник започна наставата за сите средношколци.