Loading Video...
Македонија
15. August 2020 - 19:33

Од денеска во Србија влез само со приложен ПЦР тест не постар од 48 часа

Новите мерки за влез во Србија со задолжителен ПЦР тест, ги спречија граѓаните да патуваат. Намалена фреквенцијата но зголемен метеж, бидејќи патниците повеќе време се задржуваат со приложувањето на документот. Главно срби и странци ја минуваа границата. За излез од земјава чекаа подолго но идентична е ситуацијата и за влез во Македонија. Патниците не се многу задоволни од овие мерки, дел дури не знаеле дека е воведена мерката па беа вратени од граница.

Бројот на патници од ноќеска на полноќ е намален откако стапи на сила мерката за задолжителен негативен ПЦР тест. Од Македонија излегле 1360  од кои 659 македонски државјани приложиле негативен тест за да влезат во Србија. Во текот на вчерашниот ден овој број бил далеку поголем односно 3832 граѓани излегле од земјава.

Реципрочна е мерката донесена од српските власти, кои велат на овој начин ги дефинираат односите во регионот.

Во соседството, граѓаните слободно можат да патуваат само во Албанија. Без ПЦР тест можат да одат и во Турицја но само авионски. Црна Гора ги отвори границите за македонски државјани но со негативен ПЦР тест. Документ дека се негативни  на коронавирусот мора да се приложи и во Косово и Бугарија. Единствено Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 август, како дел од препораките на земјите од  ЕУ. Влез е дозволен само за транспортери од Македонија.