Македонија
23. јуни 2021 - 16:42

Од јули ќе се издаваат пасоши со „Република Северна Македонија“ на 7 јазици

Пасоши со „ Северна“ ќе почна да се издаваат во јули потврдуваат од МВР за Сител без да прецизираат кој ќе биде точниот датум. Во наредниот период ќе се работи на миграција на системот за да се направат образци на седум јазици според законот за јазици.Споре динфорации на Сител прво треба да се среди системот, па дури потоа ќе се знае кога точно ќе почне издавањето на со Република Северна Македонија. Неофицијално, датумот ќе зависи од економскиот оператор а не од МВР.

Поради известувањето од МВР дека овие неколку дена нема да се врши прием на барања, вчера и денеска имаше огромни редици за фотографирање и подигнување на лични документи во просториите во МТВ. Министерот Спасовски тврди дека не се работи за застој туку имало поголем број на барања.

Народниот правобранител најави дека ќе испитува евентуални пропусти во работењето на службите. Тој смета дека се кршат граѓанските права со не издавањето на лични документи. Народниот правобранител смета дека МВР требало да ја земе предвид пандемијата, рестрикциите и затворените граници, да ја предвиди ваквата ситуација и да го прилагоди работењето.

„Народниот правобранител бара Министерството за внатрешни работи во делокруг на своето работење да испита зошто граѓаните се доведени во ваква ситуација и да утврди одговорност за евентуалниот пропуст на службите.“

Од први јули согласно законските измени, граѓаните ќе можат да патуваат со истечените пасоши и ќе продолжат да важат до крајот на годината.