Македонија
20. November 2015 - 12:50

Од Македонија депортирани 25 албански државјани

По последната акција на СВР Тетово вчера, за откривање странски државјани кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, откриени и депортирани се 25 лица.

Од СВР Тетово информираат дека вчерашната акција била реализирана на подрачјата на Гостивар, Чегране и Галате, а на различни места затекнати и приведени се 25 албански државјани на возраст од 20 до 48 година, најмногу од градовите Дибр и Либражд, Република Албанија.

- Најголемиот број од нив воопшто не го пријавиле својот престој, не поседувале никакви документи и најверојатно илегално влегле во нашата земја. По нивното приведување и неколкучасовно задржување, албанските државјани предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово. 

Лицата, главно економски мигранти, јави дописникот на МИА од Гостивар, доцна синоќа преку граничниот премин Блато депортирани се во нивната матична земја.