Од март до јуни во Србија имало трипати повеќе смртни случаи од Ковид-19 отколку што било официјално соопштено, тврди епидемиолог
Српскиот епидемиолог Предраг Кон синоќа изјави дека според негово истражување, врз основа на податоците на Градскиот институт за јавно здравје, од март до јуни имало трипати повеќе смртни случаи отколку што е официјално објавено, односно објавено во писмена форма.
Кон за Њузмакс Адрија изјави дека во своето истражување, од март до јуни, открил 210 смртни случаи на кои во потврдата за смртта како непосредна или главна причина за смртта им било напишано – Ковид-19 и дека официјално биле пријавени 118 такви случаи.
– Покрај тоа, најдов 29 смртни случаи во истиот период од вирусна пневмонија и открив вишок смртни случаи од неозначена пневмонија – значи не-бактериски – 102 случаи беа вишок, но не можеме да кажеме дека 102 се од Ковид, но еден значаен број – да, додаде тој.
Кон изјави дека има проблем во информативниот систем, но дека сега податоците за бројот на заразени и починати од последиците на вирусот во Србија се „многу приближни и многу точни“.
Неделникот НИН објави дека во јули, кога Србија се соочувала со нов напад на вирусот биле извршени најмалку 100.000 помалку тестови отколку што покажале официјалните податоци, а бројот на пациенти бил намален.
– За првпат користиме информациски систем. Тој информативен систем не беше доволно прецизен во еден момент, во исто време, и не можам да кажам зошто – некаде кон средината на јуни не беше точен. видов дека постои разлика помеѓу она што ние на ниво на Белград го утврдуваме како случаи, а особено смртни случаи, рече Кон.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација