Македонија
1. January 2016 - 13:03

Од недела снег на повисоките места во Македонија

Обилни врнежи од снег и формирање снежна покривка се очекува во поголемиот дел од земјава од недела. 

УХМР информира дека од недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет.

Кон крајот на денот на некои места врнежите ќе поминуваа во дожд, а интензитетот  постепено ќе се намалува.

Повремени локални врнежи од дожд  ќе има и во наредните денови,   но со променлив интензитет.