Бизнис
25. July 2016 - 19:46

Од први август поeвтинува парното греење

Од август поветинува парното греење. Иако не се открива за колкав процент, информациите на Сител велат дека со оглед на паднатите трошoци на снабдувачите, поради топлата зима , падот на цената на нафтата и гасот, за очекување е и намлување на цената на топлинскатa енергија.

Според  пресметките на дел  од учесниците на пазарот поветинувањето би требало да биде за минимум 10 отсто.

Снабдувачите веќе ги поднеле пресметките до регулаторната комисија за енергетика, но новата цена регулаторот ќе биде објавена на први идниот месец.

Од Балкан Енерџи груп за Сител потврдија дека тие само ги поднеле трошоците и не побарале намалување ниту зголемување на цената- ќе ја чекаат конечната одлука на регулаторите.

Според правилникот за топлинска енергија и законот на регулаторна комисија за енергетика секоја година во август се прави корекција на цената на топлинската енергија.

Лани поевтинувањето беше минимално, а домаќинствата добија плус еден час бесплатно греење, наместо до 21 радијаторите се топли до 22 часот. Околу 55. 000 домаќинства се корисници на градското парно. Годинава се приклучија уште 1. 000 нови. Исклучени се 10 илјади корисници и тие според правилата останува да плаќаат месечен паричен надоместо од 26 отсто од сумата која би ја плаќале ако се приклучени на мрежата.