Македонија
8. December 2015 - 12:16

Од стан во општина Аеродром украден златен накит

Златен накит, мобилен телефон и машки рачен часовник вредни 70.000 денари се украдени вчера од стан на улицата „Петар Ацев“ во Скопје.

Како што соопшти полицијата, кражбата ја извршило засега непознато лице кое насилно влегло во станот, сопственост на Д.Ц. (32). 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.