Македонија
29. April 2020 - 16:36

Од утре парични казни за неносење маска или друга заштитна опрема

Од утре казни за граѓаните кои нема да носат маска, марама или шал на устата и носот во затворени простории или на отворено, а каде не може да се одржува препорачаната дистанца од 2 метри.

Заштитната опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, но со задолжително одржување дистанца од два метри растојание.

Граѓаните во најголем дел се запознаени и ги почитуваат мерките.

За непочитување на овие заштитни мерки казната за физички лица изнесува 20 евра, а за компаниите каде вработените или посетителите не носат заштитна опрема казната е 2.000 евра.

Инаку, кумановскиот кризен штаб бара од Владата наместо со пари, граѓаните кои нема да носат заштитна маска, марама или шал да се казнуваат со извршување општокорисна работа.