Македонија
13. August 2019 - 12:06

Од утре пороен дожд, а од четврток намалување на температурите

Поројни врнежи со грмежи и силен ветер од утре попладне, а заладување за пет до осум степени од четврток, најавува УХМР.

Според Управата, утре попладне и во текот на ноќта, најпрво во северните делови од земјата, на места ќе има пороен дожд со грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер од над 70 километри на час.

Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата за пет до осум степени.