Македонија
9. May 2022 - 16:35

Од утре ВМРО-ДПМНЕ почнува со активна блокада на Парламентот

ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со активна блокада на Собранието. Од партијата најавуваат филибастеринг за сите закони освен оние кои ќе оценат дека се корисни за граѓаните. Ваков договор паднал на денешната координација која опозицискиот лидер Мицкоски ја имаше со пратениците кои се дел од коалицијата за подобра Македонија

Покрај ВМРО-ДПМНЕ учество во активната блокада најави и партијата БЕСА која има двајца пратеници.
Во СДСМ велат дека ќе најдат начин да ја заобиколат блокадата на опозицијата но не откриваат како. Велат, се ќе биде во рамки на Деловникот

Опозицискиот лидер Мицкоски на крајот од минатиот месец побара лидерска средба со Ковачевски на која меѓу другото би се договорил и датум за предвремени избори. Премиерот експресно ја одби оваа понуда додавајќи дека изборите ќе се одржат во 2024 година.
Во опозицијата велат дека активната блокада на Собранието е само почеток на нивниот притисок за предвремени избори. Не исклучуваат ниту блокади на улиците и масовни протести.