Loading Video...
Свет
5. July 2020 - 19:31

Од утре во 6 часот наутро Србите нема да можат да влезат во Грција

Грција ги затвора границите за српските туристи. Од утре во 6 часот наутро Србите нема да можат да влезат во Грција. Сите оние кои ќе успеат да влезат во држвата до 6 часот наутро ќе можат да го искористат целиот аранжман, тоа ќе важи и за туристите што веќе се таму. Одлуката се должи на епидемиолошката ситуација во Србија и големиот број на позитивни на ковид-19 меѓу српските државјани кои Грција ги тестирала. Досега за српските туристи влезот во Грција беше дозволен само преку граничниот премин со Бугарија – Прохамонас, откако граничниот премин Евзони беше отворен на 1 јули на само неколку часа и потоа повторно затворен. Во меѓувреме, во изминатото деноноќие во Србија регистрирани се 302 нови случаи, а битката со вирусот ја загубиле пет луѓе.

Граѓаните на Хрватска денеска избираат нов Парламентарен состав. Тамошната Изборна Комисија заедно со Институтот за јавно здравје ги објави упатставата за гласачите. Тие мора да ги дезинфицираат рацете пред да влезат на избирачкото место, се препорачува да носат маски, но и пенкало со коа ќе го дадат својот глас. Доколку гласачите носат маска, ќе мора да ја тргнат на кратко додека се врши индентификација. Се избираат 151 пратеник, од кои осум се загарантирани за малцинствата и тројца за дијаспората. Главната битка ќе биде меѓу листите на владејачката ХДЗ на премиерот Андреј Пленковиќ и СДП на Давор Бернардиќ. Според предизборните анкети, третото место би требало да го заземе Домашното движење на Мирослав Шкоро.

Американскиот Рапер Кање Вест објави дека ќе се кандидира за претседател на САД, но засега нема информации дали има доставено официјални документи за да се најде на гласачките листи.

-Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка верувајќи во Бог, обединувајќи ги нашите визии и градејќи ја иднината. Се кандидирам за претседател на Соединетите Држави, напиша Вест Твитер.

Оваа одлука на контроверзниот рапер е на изненадување на целата американска јавност, па предизвика лавина реакции кај неговите 29 милиони следбеници на социјалните мрежи. Она што уште повеќе изненадува е што доби поддршка од извршниот директор на Тесла, Елон Маск.