Македонија
8. October 2016 - 18:56

Одбележан 20 годишниот јубилеј на мировниот корпус на САД во Македонија

Одбележан 20 годишниот јубилеј на мировниот корпус на САД во Македонија. За овој дводеценски период повеќе од 700 американци, волонтери претстојуваа во земајава, посветувајќи се на работата во училиштата, посебно на децата со посебни потреби, но земаа и активно учество во процесот на подобрување на животот во локалните заедници.

-Не е само она што го работат, туку тие се посветени личности, кои сакаат да ги променат работите на подобро. Улогата на мировниот корпус е и развивањето на меѓусебното разбирање, а дел од нивната мисија по враќање во САД е и тоа што можат да бидат своевидни амбасадори на Македонија-изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Р.М

Во моментот во Македонија има 100 волонтери од мировниот корпус. Неодамна пристигна голема група од околу 50-тина.

-Тие сега се обучуваат на три различни локации. Се навикнуваат на земјава и го учат јазикот-изјави Бејли

Дваесетгодишнината волонтерите во Источниот дел  ја одбележаа со чистење на дворот на училиштето „Ванчо Прќе“, меѓусебно дружење со семејствата каде претстојуваат и планинарење на планината Плачковица.