Македонија
3. November 2017 - 22:17

Одбележан „3. Ноември“ - Денот на ослободување на Прилеп

Со полагање венци и свежи цвеќиња на спомениците од хероите кои своите животи ги дале за слободата на Македонија низ бројните војни, градот - првоборец, Прилеп, денеска го чествува Денот на своето ослободување.
 
По повод празникот, доделени се и традиционалните Трето - ноемвриски награди, годинава, осум на број: три дипломи, четири плакети и една Награда за животно дело, која годинава ја доби дипл.арх.инж. Душко Најдоски за достигнувања во областа на архитектурата.
 
Чествувањата по повод празникот се заокружуваат со Свечената седница на Советот на општината на која се доделуваат наградите, а за прв пат имаше  и заедничка средба на сите досегашни градоначалници на Прилеп.