Македонија
1. јуни 2016 - 16:11

Одбележан Денот на македонската статистика

Државниот завод за статистика денеска го одбележа 1 јуни - Денот на македонската статистика со што ја прослави 71-годишнината од постоењето.

- Статистиката е многу повеќе од бројки: тоа е водење на официјалната статистика со прибирање, споредување, усогласување, анализирање, разменување и дисеминирање на податоци од најразлични области на социоекономскиот живот во повеќе од 300 статистички истражувања; тоа е фокусирање кон целта податоците што се користат да бидат точни, а применетата методологија сигурна за да се обезбедат најдобри можни информации за сите корисници; тоа е и координирање и воспоставување на стандарди за статистиките што се водат во други државни органи и институции, се наведува во соопштението.

Државниот завод за статистика напоменува дека сето тоа се должи на посветеноста на многуте генерации статистичари кои својот труд го вградија во она што е денес оваа институција.