Македонија
26. September 2015 - 9:44

Одбележување на Светскиот ден на институтите „Конфуциј“

Во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, денеска во Скопје ќе бидат одбележани 26 септември-Светскиот ден на институтите „Конфуциј“, Празникот на средината на есента и 1 Октомври - Националниот ден на НР Кина. 

Светскиот ден на институтите „Конфуциј“ ќе биде одбележан со отворени часови по кинески јазик и култура, додека Празникот на средината на есента во соработка со Амбасадата на НР Кина во Македонија ќе биде одбележан со поетско читање и церемонија за чај.

На одбележувањето, кое ќе се одржи на платото пред НУБ „Св.Климент Охридски“, најавено е обраќање на ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, Велимир Стојковски и на кинескиот амбасадор во Македонија, Вен Џеншун.