Спорт плус
7. December 2021 - 20:02

Одбојкарите во 5. поход на Сребрената лига

Македонската одбојкарска репрезентација  денеска ги доби ривалита во Европската лига 2022г. Тоа се селекциите на Романија, Албанија и Босна и Херцеговина кои овојпат ќе играат во  лигашки систем  што значи дека во нашата група „Б“ ќе има шест кола, односно секој ќе игра сосекого дома и на гости. Најдобрата  репрезентација ќе обезбеди настап назавршниот турнир во Унгарија, а шанса ќе има и за второпласираната, но во зависностод расплетот во групата „А“. Во неа ќе има само три репрезентации, а покрај организаторотна завршницата Унгарија, во оваа конкуренција се Финска и Азербејџан.
Да потсетиме дека Македонија освои 4 сребрени медали во досегашните 7 настапи.