Спорт плус
29. May 2016 - 17:30

Одличен резултат на спринтерот Гетлин

Џастин Гетлин го постави најдобриот резултат оваа сезона на 100 метри, на митингот од Дијамантската лига во Јуџин.
 
Контроверзниот Американец патеката од 100 метри ја претрча за 9.88 секунди, победувајќи ги Асафа Пауел од Јамајка (9.94) и Тајсон Геј (9.98).
 
Поранешниот олимписки шампиони во Јуџин ја забележа втората победа сезонава во Дијамантската лига, со што го презеде водството го генералниот пласман.