Македонија
2. September 2019 - 11:45

Одложена седницата на законодавно-правна комисија

Нецелосниот извештај од Комисијата за европски прашања по предлог-законот за јавно обвинителство, ја одложи расправата во законодавно-правната комисија.

Претседателката на комисијата Соња Мираковска вели дека седницата била закажана заради почитување на роковите од собранискиот деловник.

Мираковска која е дел од преговарачкиот тим, потврди дека консултациите меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство се во тек.

-Има приближување на ставовите ама се уште има и разлики. И во моментов се пеглаат разликите. Преговорите се водат во конструктивна атмосфера, на моменти се повишува гласот, изјави Мираковска.

Зоран Јаневски